Недовиќ за радост на Црвена звезда, Барса лесно со АСВЕЛ

137

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Анадолу Ефес со 97:83 во еден од последните три меча вечерва во рамките на 11. коло од Евролигата.

Во мечот „Да се ​​биде или не“ за белграѓани, Црвена звезда покажа дека кога е најпотребно може да одигра на потребното ниво. Ова беше четврти сезонски триумф за српскиот тим, кој би требало да биде голем елан за претстојната двојна рунда.

Немања Недовиќ беше во фокусот вечерва со 23 поени, од кои 16 во вториот дел. Лука Митровиќ имаше 19, со седум скока. Ларкин на спротивната страна постигна 21 поен, а Вил Клејбурн додаде 17.

Во вториот завршен меч денеска, Барселона очекувано славеше против АСВЕЛ со 101:92. Лапровитола имаше шутерско шоу за домашните со 28 поени, додека кај АСВЕЛ најефикасен беше Кабаро со 20 поени.

ПретходноИ тоа се случува: Играчи од ист тим ќе се степаа на тајм-аут (ВИДЕО)
СледноДалас два меча без Дончиќ: Словенецот стана татко (ФОТО)