Онана не сака да игра на Купот на Африка, се плаши да не го загуби местото во Јунајтед

262

Голманот Андре Онана се плаши да оди на Купот на Африка во јануари, пишува „Манчестер Ивнинг Њуз“. Камерунецот може да отсуствува најмалку шест натпревари на Манчестер Јунајтед додека настапува за репрезентацијата.

Онана мисли дека може да го загуби местото во тимот. Во последно време Камерунецот е под критики поради честите грешки, но и покрај тоа Тен Хаг му верува. А додека Онана е на КАН, местото меѓу диреците ќе застанат искусниот Том Хитон и младиот турски голман Алтај Бајиндир.

ПретходноЛегенда на германскиот фудбал прави рестарт како тренер на второлигаш
СледноНадал најави враќање на тениските турнири