Пикси за обвинувањата на Видиќ: Нека заврши ждрепката, па ќе му одговорам

1199

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, денеска реагираше на вчерашното интервју на Немања Видиќ во српските медиуми. Стојковиќ изјави дека ќе се справи со ситуацијата во врска со изјавите на Видиќ, штом заврши ждрепката за Европското првенство, која е закажана за утре во Хамбург.

Поранешниот српски репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед во интервју за НИН изјави дека Стојковиќ и неговиот стручен штаб ја чинеле Србија 16 милиони евра за две години.

„Откако сум член на Собранието имам пристап до информации колку пари се трошат во Сојузот. Дојдов до информација дека во последните две години се потрошени 16 милиони евра за селекторот и неговиот стручен штаб. Тоа се осум милиони евра годишно“, изјави Видиќ.

Стојковиќ имаше што да каже по тие наводи.

„Мило ми е што дојдов овде во Хамбург, каде викендов ќе се собере кремот на европскиот фудбал. Србија ја донесовме овде, со постигнатите резултати на теренот во квалификациите, ја донесовме овде за да ја промовираме на најдобар можен начин. А кога ќе заврши оваа церемонија, тогаш сигурно ќе му одговорам на Немања Видиќ. Ќе му одговорам за неговите измами, изнесување неточни информации, обиди да ме дискредитира, да создаде некаква лажна слика за мене кај народот“, изјави  Стојковиќ.

ПретходноНов малер за Тотенхем: Само што се врати, Бентанкур на пауза нови два месеци
СледноДарио Ивановски во недела во Валенсија трча за олимписка норма за Париз