Словенците со крпи и пешкири ја собираа водата од тревникот (ВИДЕО)

341

Натпреварот меѓу Олимпија и Лил во рамките на Конференциската лига беше под знак прашалник поради лошото време. Теренот на стадионот „Стожице“ беше целосно поплавен.

Проблемот беше што на тревникот немаше поставено церада, па за кратко време теренот се претвори во базен. Организаторите се обидуваа да ја тргнат водата, особено оние кои се задолжени за одржување на теренот.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која организаторот се обидува со крпи и пешкири да ја соберат водата. Пракса која бара многу време и труд.

ПретходноТројца играчи на Реал сакаат Анчелоти да си замине и тоа повеќе не го кријат
СледноЈанг го „затрупа“ кошот на Сан Антонио со 45 поени (ВИДЕО)