Тројца играчи на Реал сакаат Анчелоти да си замине и тоа повеќе не го кријат

6151

Карло Анчелоти изминативе денови изјави дека ќе чека до крај, дека има доволно време да донесе одлука и дека има посебна наклонетост кон Реал Мадрид, иако бразилскиот фудбалски сојуз го чека по завршувањето на сезоната.

Угледниот The Athletic истакнува дека има тројца играчи на Реал кои сакаат да го видат Италијанецот на неговата нова дестинација, но нивните имиња се чуваат во тајност. Се претпоставува дека станува збор за Бразилците, кои би сакале Анчелоти да ги води во националниот тим и заедно да се обидат да го освојат Светското првенство во 2026 година.

Винисиус, Родриго Гоес и Едер Милитао важат за играчи кои за разлика од останатите едвај чекаат Анчелоти да си замине од Реал бидејќи тоа би значело преземање на нивната репрезентација.

Бразил ја чека титулата светски првак од 2002 година, сега има одлична генерација играчи кои конечно би можеле да се искачат на светскиот трон.

Во Катар Бразил разочара, но ќе се подготвува за 2026 година, но бразилскиот фудбалски сојуз е свесен дека заедно со фантастични играчи им треба и тренер кој е подготвен да работи напорно со селекцијата и да ја подготви за она што следува.

Анчелоти, кој има 64 години, моментално е во вториот мандат на клупата на Реал, со кој го освои шпанското првенство и два трофеи во Лигата на шампионите.

Анчелоти на крајот од сезоната ќе има средба со челниците на клубот од Мадрид на која ќе се разговара за продолжување на договорот, иако не така одамна на големо се пишуваше дека него ќе го наследи младиот Шпанец. Чаби Алонсо, поранешен играч на Реал кој фантастично го води Баер Леверкузен од летото оваа сезона.

ПретходноДрама во Белград и победа на Партизан по едно продолжение!
СледноСловенците со крпи и пешкири ја собираа водата од тревникот (ВИДЕО)