Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија полицаец (ВИДЕО)

163

Навивачите на Легија од Варшава залудно дојдоа во Бирмингем. Тие добија забрана за влез во Вила Парк и не можеа да го гледаат дуелот со Астон Вила, па тоа беше причина за бунт на улиците.

Причината поради која не можеле да одат на трибините беше пресметката со полицијата. Околу Вила Парк дојде до судир и на крајот беше донесена одлука да не им се дозволи влез во натпреварот. Во нередите еден од полицајците бил запален, бил пренесен во болница, а во нередите се повредени вкупно четворица полицајци, два полициски коња и две кучиња.

ПретходноМурињо: Штета што немаше камера во нашата соблекувална
СледноЗаедно во добро и во лошо (ФОТО)