Шпанскиот талент, кој го сакаа Реал и Барса, потпиша нов договор со Атлетик

134

Талентираниот шпански фудбалер Нико Вилијамс одлучи да остане во редовите на Атлетик Билбао и покрај интересот на Реал Мадрид, Барселона и неколку англиски клубови. Вилијамс потпиша нов договор со баскискиот клуб, инаку негов матичен, до 2027 година.

Претходниот му истекуваше по завршувањето на оваа сезона, а за него нема дилема каде треба да остане и да се развива. Оваа сезона тој има еден гол и седум асистенции во 11 натпревари во Ла Лига, а исто така дебитираше за шпанскиот национален тим.

ПретходноЕкс-француски репрезентативец го замени фудбалот со друг спорт
СледноЛегенда на германскиот фудбал прави рестарт како тренер на второлигаш