Атланта дојде до деветата победа оваа сезона, откако славеше против Сан Антонио во меч кој беше решен во самиот финиш. Треј Јанг се најде во центарот на вниманието, во самиот финиш се избори за фаул во напад и го реши името на победникот. Но, не е само ова, зад своето име запиша 45 поени (16/29 од игра) и 14 асистенции.
Добра партија пружи и Богдан Богдановиќ, постигна 14 поени, три асистенции и две украдени топки. За него ова беше 29 меч на кој постигнал барем една тројка, а 13-ти натпревар на кој има две и повеќе тројки. На двајцата поддршка беше Мареј со 24 поени.
Bogdan Bogdanovic has connected on at least one triple in 29 straight games (second-longest such streak of his career) and two-or-more in 13 straight outings (third-longest streak of career).
— Hawks PR (@HawksPR) December 1, 2023
Резултати: Кливленд – Портланд 95-103, Бруклин – Шарлот 128-129, Мајами – Индијана 142-132, Њујорк – Детроит 118-112, Чикаго – Милвоки 120-113 (прод), Минесота – Јута 101-90, Оклахома – ЛА Лејкерс 133-110, Сан Антонио – Атланта 135-137, Голден стејт – ЛА Клиперс 120-114.