Заедно во добро и во лошо (ФОТО)

323

Пелистер не успеа да приреди изненадување на гостувањето кај фаворитот Кјелце, го запиша деветтиот пораз (35-25) во Лигата на шампиони.

Битолчани на оваа средба имаа поддршка од трибините, а сите заедно по завршување на истата испратија една порака: Заедно во добро и во лошо.

Македонскиот првак нема време за тагување, веќе во следното коло го чека нова задача во најсилното европско клупско натпреварување, пред своите фанови во салата „Боро Чурлевски“ го пречекуваат ППД Загреб, можеби една од најдобрите шанси да дојде до посакуваните бодови оваа сезона.

ПретходноХаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија полицаец (ВИДЕО)
СледноРеакција на ФК Вардар за судијата Крунислав Ѓоргиев (ВИДЕО)