Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека разговорите за организатор на ЗОИ во 2030 и 2034 година веќе се направени и само две земји имаат комплетна поддршка на кандидатурите. Според информациите тоа се кандидатурата на Франција за ЗОИ 2030 и на САД за Игрите во 2034 година.
Тоа значи дека со овој став на ИОК веќе се познати организаторите на следните две изданија на Зимските игри. Во 2030 година најдобрите зимски спортисти ќе се борат за медали на француските Алпи, а четири години подоцна во Солт Лејк Сити. Конечната потврда се очекува да дојде на пролет на следната сесија на ИОК.