Вардар 1961 оствари уште една убедлива победа во домашното првенство, откако вечерва во воведниот меч од 13. коло славеше против Мулти Есенс со 23:40.
Средбата во СЦ „Јане Сандански“ со помладиот скопскиот ривал, за екс-шампионот беше вовед во уште еден триумф со кој останува лидер во групата „Б“ со 12 победи.
Милан Лазаревки со седум гола беше најефикасен кај „црвено-црните“, додека кај Мулти Есенс, Јорданов постигна 6 гола.