Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Анадолу Ефес со 97:83 во еден од последните три меча вечерва во рамките на 11. коло од Евролигата.
Во мечот „Да се биде или не“ за белграѓани, Црвена звезда покажа дека кога е најпотребно може да одигра на потребното ниво. Ова беше четврти сезонски триумф за српскиот тим, кој би требало да биде голем елан за претстојната двојна рунда.
Немања Недовиќ беше во фокусот вечерва со 23 поени, од кои 16 во вториот дел. Лука Митровиќ имаше 19, со седум скока. Ларкин на спротивната страна постигна 21 поен, а Вил Клејбурн додаде 17.
Во вториот завршен меч денеска, Барселона очекувано славеше против АСВЕЛ со 101:92. Лапровитола имаше шутерско шоу за домашните со 28 поени, додека кај АСВЕЛ најефикасен беше Кабаро со 20 поени.