Навивачите на Легија од Варшава залудно дојдоа во Бирмингем. Тие добија забрана за влез во Вила Парк и не можеа да го гледаат дуелот со Астон Вила, па тоа беше причина за бунт на улиците.
Причината поради која не можеле да одат на трибините беше пресметката со полицијата. Околу Вила Парк дојде до судир и на крајот беше донесена одлука да не им се дозволи влез во натпреварот. Во нередите еден од полицајците бил запален, бил пренесен во болница, а во нередите се повредени вкупно четворица полицајци, два полициски коња и две кучиња.
This is why Legia Warsaw fans have been denied entry at Villa park this evening…. 😅pic.twitter.com/YxO4G80jN0
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) November 30, 2023