“Биковите“ со триумф против Хајденхајм! (ВИДЕО)

54

Попладнево од вообичаениот термин се одиграа три меча од 13.коло во Бундеслигата, оној четвртиот во Минхен, меѓу Баерн и Унион Берлин, се одложи поради снегот.

Лајпциг се чини потешко од очекувањата славеше само со 2:1 протув тимот на Хајденхајм.

Опендна во 29.минута и Поулсен во 44.минута донесоа 2:0 за “биковите“, но гостите во 45+2 намалија на 2:1 и тоа со голот на Гимбер. Ретко кој можеше да претпостави дека со тој резултат ќе заврши и оваа средба.

Менгхенгладбах со 2:1 славеше против Хофенхајм со головите на Плеа и Нгоуму, а Вегхорст стрелаше за гостите.

Бохум со 3:1 го победи Волвфсбург. Стрелци беа Остерхаге, Бернардо и Антви-Адјеи кај домашните, додека за гостите стрелец беше Сванберг.

ПретходноРаботнички 71&22 со петта победа, Борец славеше во Струмица
СледноАрсенал со нова победа, тимот на Чурлинов го декласира Шефилд! (ВИДЕО)