Денеска во Хамбург е ждрепката за групната фаза на ЕП 2024

196

Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во Хамбург ќе биде извршена ждрепката за пополнување на групите за Европското првенство во фудбал кое идната година ќе се одржи во Германија.
Хамбург е еден од десетте градови домаќини во кој ќе се одржат четири натпревари од групната фаза и едно четвртфинале.

Моментално е познат 21 учесник со тоа што 20 изборија место преку квалификациите плус Германија како домаќин директно се квалификува на шампионатот. Останатите три репрезентации ќе бидат познати по плеј-офите во Лигата на нациите.
Форматот ќе биде ист како ЕУРО 2020. Две екипи од сите шест групи ќе продолжат во осминафиналето заедно со четири најдобро третопласирани.

Репрезентациите се поделени во четири шешири според УЕФА коефициентот. Па така во најсилниот шешир се Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија. Овие екипи нема да се паднат меѓу себе во групната фаза.
Групите ќе се формираат така што ќе се влече по една екипа од секој шешир 1,2,3,4.
Бранителот на европската круна Италија е во последниот шешир заедно со Србија, Швајцарија и со трите репрезентации кои ќе влезат преку ЛН.

ПретходноКФСМ го казни МЗТ Скопје поради националистичкото навивање против Чаир 2030
СледноБоби Митев се враќа во Сабах, ќе биде и селектор на Азербејџан