ПМФЛ: Има ли сила Вардар уште еднаш да ги победи “лавовите“?!

225

Попладнево од 13 часот на стадионот во Ѓорче ќе се одигра првиот меч од 17.коло во ПМФЛ оваа сезона, претпоследно за оваа есен. Македонија ЃП го дочекува Вардар, ова е дерби на дното, екстра значаен меч за двете екипи, посебно за “фенерџијата“, тимот на Вардар.

Вардарци досега во досегашниот дел од сезоната успеале само во три наврати да се радуваат на победа, а една од нив била токму против “лавовите“ и тоа на 2 септември кога со головите на Мицевски и Омерагиќ победија си 2:1. Стрелец на голот на Македонија ЃП на тој меч, одигран на Маџари, беше Величковски.

Токму затоа се поставува прашањето дали Вардар има сила уште еднаш да слави победа над Македонија ЃП, но сега во Ѓорче. Ако успее во тоа тогаш некои работи  и тоа како се менуваат, но ако слават “лавовите“ тогаш тие на Вардар ќе му избегаат дури 10 бода.

Пред овој меч Вардар е последен со 11 бода на табелата, а Македонија ЃП е деветта со 18 бода.

Во секој случај ќе биде супер интересно и ќе се води голема битка за секоја педа од теренот.

Да споменеме дека во недела на програмата се сите останати пет средби од ова 17.коло.

ПретходноИОК веќе ги знае организаторите на ЗОИ во 2030 и 2034 година?
СледноДешамп нема да присуствува на ждрепката за ЕП 2024