Реал лесно со Гранада – Диаз и Родриго ги обезбедија бодовите

73

Екипата на Реал Мадрид се врати на првото место на табелата со победата над претпоследната Гранада со 2:0 во рамките на 15.коло на Ла Лига. Резултатот го отвори Брахим Диаз со гол во 26.минута по одличнат асистенција на Тони Крос.
Во 57 минута точка стави Родриго на кого тоа му е седми гол на последните пет меча во сите натпреварувања.
Реал има 12 победи и 38 бода, а Гранада има само седум бодови.
Од денешните натпревари Џирона ја совлада Валенсија со 2:1 и бодовно е изедначена со Реал. Атлетик Билбао го победи Рајо Ваљекано со 4:0.
Вечерва играат Осасуна и Сосиедад.

ПретходноСпалети за ждрепката: Можеше и подобро, но ние сме Италија, не го заборавајте тоа
СледноЗвуци од порно филм на ждрепката за ЕП