Штефан Крафт тргна жестоко – трета победа по ред во СК

126

По двојната победа во првиот викенд во финскиот Руки, австрискиот ски-скокач Штефан Крафт ја продолжи доминацијата со денешниот триумф во норвешкиот Лилехамер. Повторно беше прв, на една од најмалите скокалници на Светскиот куп беше единствен што скокна преку 100 метри затоа што во првата серија доскокна 104 метри.

Крафт оствари јубилеј, 100-ти пат се искачи на подиумот.

Второто место му припадна на Германецот Андреас Велингер, а трет заврши Даниел Чоферинг, а надвор од подиумот останаа Карл Гајгер, Мануел Фетнер, Пиус Пашке и Јан Херл.
Поранешниот освојувач на светскиот куп Давид Кубацки не се пласира во вториот круг, а втор скок немаа ни Даниел Андре Танде и Жига Јелар.
Во недела скокачите повторно ќе се појават на скокалницата во Лилехамер. Ќе видима дали ќе има некој што ќе го прекине одличниот старт на Крафт.

Во женска конкуренција исто така во Лилехамер победи Јапонката Јуки Ито, втора заврши Жозефин Пажер од Франција, а трета Канаѓанката Александрија Лотит. Утре повторно ќе се натпреваруваат во Лилехамер.

ПретходноРоналдо е господин: Тие нему со „Меси, Меси“…а тој им испрати бакнежи! (ВИДЕО)
СледноМилан го декласира Фросиноне, деби гол на Јовиќ