Бутел Скопје сигурен против Вардар Неготино, Пелистер 2 лесно ги реши стружани

81

Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Вардар Неготино, на домашен терен славеше против убедливи 26-19 во меч од 13 коло во Супер-лигата. Со новите бодови избраниците на Горан Кузманоски останаа на третото место на табелата во групата Б зад Пелистер и Вардар.

Ракометарите на домашниот тим отворија со 8-3, па со нова серија од 3-0 поведоа со седум гола разлика (16-9). На одморот резултатот беше 12-7.

Не се промени ништо во продолжение, Вардар Неготино беше немоќен, додека пак на другата страна Бутел Скопје ја казнуваше серкоја грешка.

Николов и Спасовски имаа по пет гола во редовите на победникот, кај поразениот состав Орешков со седум гола беше прв стрелец на мечот.

До важна победа дојде Пелистер 2, на домашен терен беше подобар од Струга со 22-17 и ги задржа теоретските шанси за плеј-офот. Овој дуел битолчани го решија во првото полувреме во кое противникот беше немоќен.

ПретходноМладите Германци се светски фудбалски шампиони
СледноПикси: Верувам дека можеме да ја поминеме групата