ВМФЛ: Беса со стил до есенската круна, Пелистер славеше во Прилеп!

1072

Фудбалерите на Беса и официјално се есенски шампиони во сезоната 2023/23 во ВМФЛ. Лидерот попладнево, во меч од 14.коло, успеа со 0:3 да слави над Башкими среде Куманово па така и натаму има +5 бода предност пред Детонит во пресрет на последното коло оваа есен кое е на програмата следната сабота.

Треба да се каже дека почетокот на второто полувреме на овој меч доцнеше дваесетина минути.

Пелистер со 0:2 успеа да дојде до големи три бода и тоа среде Прилеп, на гости кај Победа. Ова беше дуел на два наши фудбалски великани кои оваа сезона играат во Втората лига.

Детонит со 2:0 го победи Кожув, значајна победа на овој тим со што и натаму е втор со предност од два пред третиот Пелистер.

Беласица непријатно изненади и дома е поразена од Скопје со 0:1, додека Охрид со 2:0 успеа да слави на свој терен против Тетекс.

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

Башкими – Беса 0:3

Беласица – Скопје 0:1

Детонит – Кожув 2:0

Саса – Караорман 2:2

Новаци – Вардар (Н) 3:2

Охрид – Тетекс 2:0

Осогово – Арсими 1:1

Победа – Пелистер 0:2

ТАБЕЛА

Беса 37, Детонит 32, Пелистер 30, Охрид 23, Новаци 22…

ПретходноПМФЛ: Вардар го покори Ѓорче и освои големи три бода!
СледноТФТ лесно се справи со охриѓани