Кожув ја прекина серија од два порази во низа, откако на домашен терен го совлада Гостивар во дербито на десетото коло во Првата лига. Неочекувано, гевгеличани на оваа средба дојдоа до убедлива победа од 102-67.
Кошаркарите на Кожув со три одлични четвртини го решија името на победникот, клучен беше третиот период кој го добија со 32-16. Претходно на одморот водеа со 48-34.
Криснан и Слатер со 18 поени беа лидери кај победникот, во редовите на Гостивар, Остен имаше 21 поен.
На втората средба од истиот термин, Пелистер ги освои бодовите во Скопје. Битолчани до седмиот триумф дојдоа на сметка на Академија ФМП, славеа со 85-112.
Ова беше меч на кој гостинскиот состав доминираше во сите четири периоди, едноставно не му дозволи на противникот да помисли на победата. По 34-50 на полувреме, Пелисте продолжи во ист ритам и во вториот дел.
Мијовиќ постигна 26 поени, Маслинко 18. Во редовите на Академија ФМП, Брукс имаше 22 поени.