Лео Меси, најдобриот во историјата на последниот Мундијал конечно го освои златото, нешто што му недостигаше во неговата кариера. И кога сите помислија дека, со оглед на годините, за Лео тоа ќе биде последен Мундијал тој деновиве не демантираше дека можеби ќе игра на СП 2026 година, кое се одржува во Канада, САД и Мексико:
“Се додека се чувствувам добро и можам да бидам корисен за Аргетина јас секако ќе играм. Сега во мислите ми е Копа Америка. Што се однесува до СП, мислам дека времето ќе покаже дали ќе играм на него. Ќе имам тогаш 39 години, но ќе видиме. По Катар мислев дека тоа е тоа, но она што се случува во репрезентацијата се посебни моменти, затоа реков дека ќе бидиме“ посочи Лео.