Репрезентацијата на Германија до 17 години станаа светски шампиони откако триумфираа во финалето на младинското Светско фудбалско првенство.
Финалето се одигра на стадионот „Манахан“ во Суракарта, Индонезија. Со головите на Парис Брунер и Ноа Дарвих селекцијата на Германија дојде во предност од 2:0, но голот на Буабре во 53 минута и црвениот картон за Осаве од Германија ги поттурна Французите. Во 85 минута Амогу го изедначи резултатот.
Следуваа пенали во кои Германците беа поуспешни со 4:3 и за првпат во историјата го освојуваат трофејот наменет за играчи до 17 години.
Германија е првата европска селекција која ги обедини европската и светската титула за играчи до 17 години.