Работнички во сезона во која располага со одличен буџет за кој слушавме многу пати од страна на раководството, покажа дека не знае да функционира ниту кога дел од горчливите прашања се решени.
Ако пред извесно време најтрофејниот кошаркари клуб преживуваше, па дел од резултатите беа препишани на лошите услови, сега никој нема право на изговори. Ова добро го знаат кошаркарите, а богами најдобро и навивачите.
По поразот од Феникс, „Сити Парк Бојс“ им порачаа на кошаркарите дека не го заслужуваат дресот и ги натераа да го соблечат.