Утре на Чаир, во меч од 17.коло во ПМФЛ, се игра супер -дербито во ПМФЛ. Шкупи ја пречекува Шкендија, тоа ќе биде меч и од кој ќе зависи кој ќе освои есенскаата титула. Шкупи кој има 32 бода, исто како и Шкедија или Струга ТЛ која има 30 бода но и меч помалку.
Шкендија е максимално подготвена пред утрешното гостување кај лутиот ривал, ќе оди по три бода тоа е јасно.
А стратегот Аријан Нухиу на деншниот тренинг како да им порача на своите играчи дека сака победа:
„Сакам `двојка` на Чаир“ покажувајќи со раката, односно прстите што посакува тој од утрешното гостување кај Шкупи.