Пикси: Верувам дека можеме да ја поминеме групата

829

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси изјави дека групата Ц со Англија, Данска и Словенија е интересна и дека очекува неговите фудбалери да бидат најдобри кога ќе биде најважно.
Интересна, тешка група. Целта е да бидеме што е можно подобри, да освоиме едно од првите две места. Ќе биде предизвик да се помине во вториот круг. Имаме балканско дерби со Словенија. Данска е незгодна, игравме и пријателски меч со нив. Ги имаме Англичаните кои се едни од најсилните екипи во Европа“, изјави Пикси.

Првиот меч на Србија е против Англија на 16 јуни.
Нема потреба за страв. Фудбалот е игра 11 на 11. Тоа ќе биде добар и интересен меч. Има време да се анализира, гледа, да се прават планови, да се тренира. Сакам да бидеме најдобри кога ќе биде најпотребно“, вели Пикси.

Србија се враќа на ЕП по 24 години.
Ова ЕП е голем предизвик. Успехот е направен, но сакаме чекор понапред. Верувам дека можеме да ја поминеме групата“, заклучи српскиот селектор.

ПретходноБутел Скопје сигурен против Вардар Неготино, Пелистер 2 лесно ги реши стружани
СледноРаботнички му стана редовен пациент на Феникс (ФОТО)