Полувреме: Вардар со водство во Ѓорче!

234

Заврши првото полувреме во првиот меч од 17.коло во ПМФЛ. Вардар со голот на Милосавиќ во 35.минута има водство од 0:1 на гости кај Македонија ЃП во Ѓорче.

Заслужено тимот на Александар Васоски води, ако се знае дека беше подобар тим во тие први 45.минута во кои “лавовите“ упатија само еден директен удар кон Гачевски во 8.минута.

Интересно, смо две минути откако Вардар поведе, Лемос итро пласираше кон домашниот гол, но само за малку непрецизно. Можеше лесно да се случи Вардар да поведе и со 0:2 за само две минути.

Но сепак на пауза се замина со тие 0:1 за Вардар во дербито на дното.

ПретходноГерманците откриваат: Еве колку Гвардиола е лицемерен!
СледноНено со добра партија, но Уникс поразен!