Натпреварот помеѓу Баерн и Унион Берлин, кој требаше да се одигра во Минхен во рамките на 13. коло во Бундеслигата, е откажан поради снегот кој предизвика хаос во цела Баварија, особено во градот каде беа откажани многу летови и каде има сообраќаен колапс. Натпреварот требаше да започне во 15:30 часот.
Со оглед на тоа што „Алијанц арената“ има загреан терен, натпреварот не беше откажан поради неможност да се игра на него, туку поради безбедноста во сообраќајот на публиката која сакаше да дојде на него. Поради невремето што го зафати тој дел од Германија затворени се и многу железнички станици. Бидејќи биле затворени, некои патници морале да преноќат во возовите.
Германските медиуми се уште не го споменуваат новиот термин на натпреварот.