Столе и Рајо убедливо поразени во Билбао!

186

Столе Димитриевски мораше во четири наврати да ја вади топката од својата мрежа на гостувањето во Билбао, каде неговиот Рајо Ваљекано со 0:4 беше поразен од домашниот состав на Атлетик Билбао. Генерално сиот тим на Рајо одигра далеку под своите можности, па затоа Столе не единствениот виновник за овој убедлив пораз.

Домашните стрелаа преку Гурузета, потоа Еспино си даде автогол, па Инаки Вилијамс погоди последниот гол беше дело на Нико Вилијамс за конечни 4:0. Ова беше меч од 15.коло во Ла Лига.

ПретходноАрсенал со нова победа, тимот на Чурлинов го декласира Шефилд! (ВИДЕО)
СледноМеси со интересна изјава: Времето ќе покаже дали ќе играм на СП 2026!