ТФТ лесно се справи со охриѓани

46

ТФТ ја запиша шестата победа оваа сезона откако на домашен терен го совлада Охрид со убедливи 93-75 во првиот меч од десетото коло.

Зафиров со 19 поени беше прв стрелец, по 15 поени имаа Вертц и Николов. Кај гостите Лионс имаше 18 поени и 11 скока.

Победникот на оваа средба беше позат речиси по една четвртина во која тимот од Тафталиџе поведе со 29-15. Веќе во следниот период ја потврди својата фаворитска улога, на одморот замина со позитива од 54-33.

Охриѓани во следниот период ја подобрија играат, одиграа рамноправно 22-22, додека во последната четвртина беа подобри за три коша, но тоа не беше доволно за изненадување. Гостите се последни со скор од една победа и девет порази.

ПретходноВМФЛ: Беса со стил до есенската круна, Пелистер славеше во Прилеп!
СледноОхриѓани убедливи против Аеродром