Јокиќ доминираше во историскиот меч на Дурент и Нуркиќ

285

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Финикс Санс со резултат 119:111 во меч кој го одбележаа Никола Јокиќ на едната и Јусуф Нуркиќ и Кевин Дурент на другата страна. Јокиќ постигна 21 поен за Денвер но имаше дури 16 асистенции од кои 10 во првото полувреме. Денвер постигна 41 поен во првата четвртина и веќе создаде двоцифрена предност која потоа отиде на +17. Сепак, Финикс намали на 70:63 во финишот на првиот дел.
Сепак, „сонцата“ немаа доволно сила за да го свртат резултатот. Нуркиќ одигра меч на кариерата со тоа што постигна 31 поен. Кевин Дурент постигна 30 поени и имаше 11 асистенции, а овој меч ќе го памти по тоа што влезе во Топ 10 поентери во историјата на НБА.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Вашингтон 130:125
Бостон – Филаделфија 125:119
Далас – Мемфис 94:108
Торонто – Њујорк 106:119
Њу Орлеанс – Сан Антонио 121:106
Финикс – Денвер 111:119

ПретходноЛирија на вистински тест кај шампионот, женското дерби во понеделник
СледноЛазаров: Дајте му ја Македонија на Јакобсен, а јас ќе ја земам Данска – па да видиме кој е подобар тренер!