И дефинитивно “малата“ Џирона не се шегува. Во најлош случај ќе биде лидер барем неколку часа на табелата во Ла Лига и тоа по денешната победа над Валенсија со 2:1 во меч од 15.коло.
Гостите поведоа со Дуро во 57.минута, но во самиот финиш Џирона покажа зошто оваа сезона е блескава. Со двата гола на Стуани во 83. и 88.минута направи комплетен пресврт за 2:1.
Сега Џирона има 38 бода и е прва пред Реал кој има три бода помалку но и меч помалку. “Кралевите“ од 18:30 часот ја дочекуваат Гранада.
Cristhian Mosquera own goal !!! Comeback! Girona 2-1 Valenciapic.twitter.com/VkmJTwy7iW
— FootColic ⚽️ (@FootColic) December 2, 2023