Балканска пресметка со груби потези: Босанскиот ѕвер му удри лакт на Јокиќ во глава

2506

Денвер Нагетс го победи Феникс Санс со 119:111 во натпревар кој го одбележа балканската пресметка меѓу Јусуф Нуркиќ и Никола Јокиќ. Босанскиот ѕвер постигна 31 поен и шест скока за Санс, а српскиот центар 21 со пет скока и 16 асистенции за шампионскиот тим од Денвер.

На социјалните мрежи се издвојуваат неколку одлични потези на двајцата, но и пресметка со груби потези од двете страни. Првото видео е недосудениот фаул на Јокиќ врз Нуркиќ, а потоа и „одмаздата“ на Нуркиќ, по што Србинот според некои со претерана реакција падна на подот.

 

ПретходноБоби Митев се враќа во Сабах, ќе биде и селектор на Азербејџан
СледноКФСМ исклучи тим од Третата лига!