Фудбалерите на Беса и официјално се есенски шампиони во сезоната 2023/23 во ВМФЛ. Лидерот попладнево, во меч од 14.коло, успеа со 0:3 да слави над Башкими среде Куманово па така и натаму има +5 бода предност пред Детонит во пресрет на последното коло оваа есен кое е на програмата следната сабота.
Треба да се каже дека почетокот на второто полувреме на овој меч доцнеше дваесетина минути.
Пелистер со 0:2 успеа да дојде до големи три бода и тоа среде Прилеп, на гости кај Победа. Ова беше дуел на два наши фудбалски великани кои оваа сезона играат во Втората лига.
Детонит со 2:0 го победи Кожув, значајна победа на овој тим со што и натаму е втор со предност од два пред третиот Пелистер.
Беласица непријатно изненади и дома е поразена од Скопје со 0:1, додека Охрид со 2:0 успеа да слави на свој терен против Тетекс.
РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО
Башкими – Беса 0:3
Беласица – Скопје 0:1
Детонит – Кожув 2:0
Саса – Караорман 2:2
Новаци – Вардар (Н) 3:2
Охрид – Тетекс 2:0
Осогово – Арсими 1:1
Победа – Пелистер 0:2
ТАБЕЛА
Беса 37, Детонит 32, Пелистер 30, Охрид 23, Новаци 22…