Денеска во 13 часот се играат сите осум средби од 14.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде на стадионот под Маркови Кули во Прилеп, каде домашната Победа го пречекува својот вечен ривал, тимот на Пелистер. Ова некогаш беше големо дерби, некогаш кога играа Победа и Пелистер буквално се “тресеше“ фудбалска Македонија. Но тоа беа некои други и убави времиња за двете екипи. Сега веќе не е така. Пелистер се обидува да се врати во елитата а Победа пак очајно посакува да избори опстанок во Втора лига.
Беса му гостува на Башкими, Беса во пресрет на последните две кола има 5 бода предност како лидер пред вториот на табелата Детонит. Па затоа ако Беса денеска во Куманово освои барем бод тогаш и дефинитивно станува есенски шампион.
Кога сме кај Детонит да кажеме дека овој тим денеска на свој терен игра против квалитетниот состав на Кожув. На останатите мечеви се среќаваат Охрид – Тетекс, Осогово – Арсими, Беласица – Скопје, Новаци – Вардар (Н) и Саса – Караорман.
ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО ВО ВМФЛ – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Охрид – Тетекс
Башкими – Беса
Победа – Пелистер
Осогово – Арсими
Беласица – Скопје
Новаци – Вардар (Н)
Саса – Караорман
Детонит – Кожув
ТАБЕЛА
Беса 34, Детонит 29, Пелистер 27, Беласица 20, Кожув 20, Охрид 20, Арсими 19, Новаци 19, Тетекс 17, Башкими 17, Вардар (Н) 15, Победа 15, Скопје 15, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7…