Драмата во „Шабан Трстена“ за Еуро Никел

209

Една добра четвртина беше доволна за да кавадарчани го отворат патот кон седмата победа во Првата лига. Кошаркарите на Еуро Никел славеа со 92-96 против Чаир 2030, и со скор од уште три порази го делат второто место на табелата со Пелистер.

Еуро Никел одиграа добро во втората четвртина ја добија со 19-35 за 36-50 по првото полувреме. Домашниот тим се обиде да се врати во следните два периоди, во последните десет минути дојдоа на минус два (92-94) со тројката Мофит на шест секунди до крајот, но Дубински беше презицен од линијата за слободни фрлања за 92-96, а Мофит не успеа да постигне нова тројка. Топката ја фати Глигоријевиќ за голема радост во редовите на Еуро Никел.

Листата на стрелци кај победникот ја предводеше Смит Меквин со 28 поени, дабл-бдал имаше Вранеш од 22 поени и 10 скока, додека пак Дубински реализираше 25 поени. Кај Чаир, 38-те поени на Мофин не се покажаа како доволни за победа.

ПретходноНа „Сити Парк Бојс“ им „пукна филмот“, ги натераа кошаркарите да ги соблечат дресовите (ВИДЕО)
СледноСе избрукаа на големото градско дерби (видео)