ПМФЛ: Вардар го покори Ѓорче и освои големи три бода!

1004

Македонија ЃП – Вардар 0:1 е епилогот од првиот меч од 17.коло во ПМФЛ. Победа, голема победа на вардарци и освоени се големи, екстра значајни три бода во битката за опстанок. Стрелец на победничкиот гол беше Милосавиќ во 35.минута.

Се очекуваше далеку поквалитетен меч, Вардар си го одигра како што треба, но затоа домашните прикажаа слаба партија.

Уште во 4.минута Милосавиќ се закани, но неговиот удар домашните фудбалетри го изблокираа. Потоа во 8.минута Македонија ЃП имаше голема шанса за гол, но шутот на Скендери гостинскиот голман Гачевски успеа да го одбрани.

И конечно гол видовме, и тоа во 35.минута, откако по една убава акција на гостите, Милосавиќ во манир на расен стрелец со шут од 10 метри успеа да ја затресе мрежата на “лавовите“ за заслужено водство на Вардар од 0:1.

Само неполни две минути подоцна Вардар можеше да поведе со 0:2, но итриот шут на Лемос, инаку некогашен фудбалер на “лавовите“, за малку беше непрецизен, среќа и тоа голема имаа домашните фудбалери.

Со тие 0:1 се замина на пауза.

Во второто полувреме и двата тренери направи по неколку измени, но генерално сликата на теренот не се измени премногу. Видовме слаб меч, далеку од прволигашкиот просек. Македонија ЃП нешто се обидуваше да се наметне, но тоа беше далеку од некоја иницијатива. Вардар пак се разбира дека имаше причина за тоа, без преголем ризик, целта беше да се сочува водството од 0:1.

Немаше шанси и закани и на двете страни.

И така беше се до 86.минута кога Милосавиќ, најдобриот играч на мечот, успеа да ја погоди пречката на “лавовите“. Малку недостигаше да биде 0:2 за Вардар.

Сите останати мечеви од 17.коло во ПМФЛ се играат утре со почеток од 13 часот.

Претходно„За мене Ѓоковиќ е кралот на спортот, не само на тенисот“!
СледноВМФЛ: Беса со стил до есенската круна, Пелистер славеше во Прилеп!