Работнички му стана редовен пациент на Феникс (ФОТО)

161

Феникс продолжува да доминира во пресметките со Работнички. Тимот на Денис Дервишевиќ дојде до шестата победа во низа против најтрофејниот кошаркарски колектив, го совлада со 79-87.

Кошаркарите на Феникс одиграа добра трета четвртина во која Митревски, Рис, Џонс и Даниел беа лидери во овој дел, а Феникс поведе сп 59-70. Најголемата позитива ја имаше последната четвртина плус 15 (63-78). Работнички врати со серија од 12-0 за 75-78, Џонс даде важен кош, а неговиот тим успеа да ја сочува предноста.

Џонс имаше 20 поени, Рис 15 поени, додека пак Митревски и Даниел по 13 поени кај победникот. Кај Работнички Рикиќ имаше дабл-дабл од 21 поени и 10 скока.

На втората средба, МЗТ Скопје лесно се справи со Вардар, на гостински терен го совлада со 61-96. Петков и Бакович имаа по 13 поени кај победникот, додека кај „црвено-црните“, Бајрам реализираше 17 поени.

Со деветата победа во Првата лига, МЗТ Скопје се зацврсти на лидерското место на табелата.

ПретходноПикси: Верувам дека можеме да ја поминеме групата
СледноСпалети за ждрепката: Можеше и подобро, но ние сме Италија, не го заборавајте тоа