Андонов е нова надеж на македонскиот кик-бокс

805

Овој викенд македонските кик-боксери постигнаа одличен успех на меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтер“ кој се одржува во Јагодина, Србија.

Македонската експедиција е составена од  191 натпреварувач, 31 тренер и 5 судии.

Томи Андонов е еден од надежите на македонскиот кик-бокс. На овој турнир неговиот скор е 3/3, со што освои златен медал во кик лајт. За успехот на Андонов заслужни се  тренерите на кик-бокс клубот “Каринг”, Александар Стојковски и Андреј Георгиев. Од истиот клуб се натпреваруваше и Ѓорѓи Андонов кој поради спорна судиска одлука не го продолжи натпреварувањето во следната фаза.

Севкупниот скор на Томи Андонов во домашното кик-бокс првенство е осум победи од осум борби со што ја има и титулата државен првак.

ПретходноСтрумица реди победи, Работнички повторно слави
СледноУште една одложена трка во Бривер Крик