Дербито во Бундеслигата вечерва во Леверкузен донесе одличен фудбал и нови возбудувања.
Гостите од Дортмунд беа поблиску до победата, но Леверкузен успеа да дојде до заслужено реми за 1:1 во последните десет минути од натпреварот.
„Фармацевтите“ останаа непоразени и лидери на табелата со 35 бодови, додека Дортмунд е петти со десет бодови помалку.
Дортмунд поведе уште во петтата минута ро логот на Рајерсон, а ремито за домашните го обезбеди Бонифаци во 79. минута.