Од Брегалница со реакција: Првиот гол на Воска беше од офсајд! (ВИДЕО)

879

Брегалница се чини дека попладнево во Штип загуби два златни бода во битката за опстанок играјќи 2:2 против Воска. Домашните имаа водство од 2:0, но дозволија Охриѓани да израмнат и да однесат голем бод од Штип. Ова беше и дерби на дното, дуел на две екипи кои грчевито се борат да го избегнат долниот дел на табелата.

Инаку по мечот на официјалната ФБ страна на ФК Брегалница има постирано видео од првиот гол на Воска за 2:1 со реакција дека овој гол на гостите бил од офсајд!

ПретходноРистовска стопроцентна во новата победа на ЦСКА Москва!
СледноМиовски не реализира пенал, Абердин поразен!