Навивач на Нант синоќа е убиен во пресметка со фанови на Ница. Ова се случувало во пресрет на мечот Нант – Ница од Лига 1 кој заврши со резултат 1:0. Нант како клуб објави дека посочениот навивач бил неколку пати прободен, лекарите се обиделе да му го спасат животот, но за жал не успеале.
Како што известуваат медиумите во Франција, убиениот бил на возраст од 31 година и бил член на злогласната навивачка група “Бригаде Лоире“ во која се најжестоките фанови на Нант.