Во очекување на утрешното дерби во Струмица каде Наковски Волеј ќе го пречека вицепрвакот Јанта Волеј, викендов се одиграа преостанатите три меча од 11. коло во Првата лига за жени. Шампионот Работнички славеше со 3:1 над Фит Фан Волеј во меч во кој гостинките покажаа одлична партија во три од четирите сета, каде беа достоен ривал за освојување на секој од сетовите, додека лидерот Струмица ја продолжи победничката низа со нов триумф во Скопје, овој пат над Вардар 2019.
Сигурна победа и за одбојкарките на Младост УДГ на домашен терен против Вардар ЕМ од 3:0.
Прва лига (жени), 11. коло
Работнички – Фит фан волеј 3:1 (24:26, 25:10, 25:22, 25:20)
Младост УГД – Вардар ЕМ 3:0 (25:18, 25:17, 25:20)
Вардар 2019 – Струмица 0:3 (15:25, 18:25, 12:25)
Наковски волеј – Јанта волеј (понеделник, МТВ-3, 18.55)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (29); 2. Наковски В. (27); 3. Работнички (20); 4. Јанта Волеј (19); 5. Фит Фан Волеј (13); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).