Хаос на дербито Бешикташ – Фенербахче: Мадар погоден со паричка во глава! (ВИДЕО)

514

Кога се игра големото дерби во Турција меѓу Бешикташ и Фенербахче (68:64), во било кој спорт, секогаш е “жешко“. Така беше и синоќа на кошаркарскиот меч меѓу овие две екипи. Атмосферата беше зовриена, а во еден момент Јам Мадар, кошаркарот на Фенер само падна на теренот откако беше погоден со паричка во главата, во пределот на окото. Веднаш му беше дадена лекарска помош, и имал среќа, малку недостигало да останел без тоа око.

Инаку Мадар беше миленик на фановите на Партизан во минатата сезона, но се раздели со “црно – белите“ на не толку пријателски начин а пред извесно време кога гостуваше во белградска Арена беше непријателски дочекан.

Интересно, и боите на Бешикташ се црно – бели.

 

ПретходноПМФЛ: Шампионот на гости кај забревтаниот Тиквеш, Работнички ја дочекува Брера, ќе биде “жешко“ во Штип…
СледноДалас со рекорд: Серија за паметење од 30:0!(ВИДЕО)