Армани Милано еден месец без Никола Миротиќ

85

Ѕвездата на италијански Армани Милано, Никола Миротиќ, поради повреда отсуствува од кошаркарските терени најмалку еден месец, објави инсајдерот Лука Д’Алесандро.

Според информациите од клубот, на играчот му се влошила повредата на Ахиловата тетива на левата нога. Миротиќ ќе одмора најмалку 10 дена, по што ќе биде подложен на повторен преглед.

Следната недела Милан ќе одигра два натпревари од Евролигата против Баерн и Партизан, но ќе мора да се справи без големото овосезонско засилување.

ПретходноУште една одложена трка во Бривер Крик
Следно4 од 4: Крафт ги израмни рекордите на Фелдер и Ахонен, на две победи од вечниот рекорд!