Арсенал во третото коло од ФА Купот ќе му гостува на Ливерпул во еден од најинтересните дуели од оваа рунда на најстарото фудбалско натпреварување во светот. На денешната ждрепка беа одредени двојките за третата рунда која е на програмата во јануари и во која влегуваат екипите од Премиер и од Чемпионшип лигата.
„Топчиите“ го држат рекордот за најмногу освоени трофеи на турнирот – 14. Ливерпул го дели третото место со Тотенхем и Челзи како осумкратни освојувачи на трофејот.
Манчестер Јунајтед во оваа фаза ќе гостуваат кај третолигашот Виган, додека Манчестер Сити ќе биде домаќин на Хадерсфилд.
Њукасл ќе му гостува на Сандерленд, додека, пак, Тотенхем ќе има премиерлигашка пресметка со Барнли.
ФА КУП – 3 КОЛО
Лутон – Болтон
Шрусбери/Рексам – Јеовил
Арсенал – Ливерпул
Стоук – Брајтон
Норвич/Кру – Бристол Роверс
Вест Хем – Бристол Сити
Тотенхем – Барнли
Фулам – Ротерам
Вест Бромвич/Алдершот – Стокпорт
Саутемптон – Алфретон/Волсал
Вимблдон – Рамсгејт
Питерборо – Лидс
Милвол – Лестер
Ватфорд – Честерфилд/Лејтон Ориент
Сандерленд – Њукасл
Шефилд Венздеј – Кардиф
Кристал Палас – Евертон
Мидлсброу – Астон Вила
Нотингем Ф. – Блекпул/Форест Грин
Виган – Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити – Хадерсфилд
Блекбурн – Кембриџ
Гилингем – Шефилд Јунајтед
Свонси – Моркамб
Челзи – Престон
КПР – Борнмаут
Ковентри – Оксфорд Ј.
Брентфорд – Вулверхемптон
Плимут – Сатон
Мејдстон – Стивениџ/Порт Вејл
Њупорт/Барнет – Истлиџ/Рединг
Хал Сити – Бирмингем