Гоце Седлоски денеска и се израдува на својата прва победа како тренер на Работнички. Неговите играчи, попладнево на Маџари со 1:0 успеаја да слават над Брера Струмица.
За “СпортСпорт“ Седлоски не го криеше своето задоволство од овие три бода:
“Секако дека сум среќен и заодоволен, оваа победа и тоа како му беше потребна на Работнички. Честитки на нашите играчи кои по тешкиот терен одиграа навистина добро и заслужено победија. Честитки и за гостите на фер и коректната игра. Одиме чекор по чекор, не се залетуваме. Само треба да се работи и Работнички ќе победува, тоа ни е јасно на сите во клубот“ истакна стратегот на Работнички.