Жижовиќ по победата во супер – дербито: Овие момци заслужуваат само пофалби!

203

Шкупи во супер – дербито попладнево на Чаир, успеа со 1:0 да ја победи Шкендија. Големи три бода се освоени во добра игра на тимот на стратегот Младен Жижовиќ.

По мечот тренерот на чаирчани имаше свој коментар за тоа што се случуваше на супер – дербито:

Заслужена победа на Шкупи над Шкендија која можеше да биде изразена со поголема разлика. Уште еднаш покажавме дека сме во подобра форма од тетовци, тоа го докажавме на теренот. Инаку сакам јавно да им честитам на нашите играчи и да кажам дека тие заслужуваат само пофалби“рече покрај другото Жижовиќ.

ПретходноРома со пресврт во последните 15 минути до победа кај Сасуоло (ВИДЕО)
СледноАрсенал ќе гостува на „Енфилд“ во 3. коло на ФА Купот