Жоао Феликс ги „реши“ своите: Барса минимално до победа над Атлетико (М) (ВИДЕО)

183

Во дербито на 15. коло на шпанската Примера, Барселона го совлада Атлетико Мадрид со 1:0 со голот на довчерашниот фудбалер на „јорганџиите“, Жоао Феликс.

Барселона многу подобро го отвори натпреварот, имаше неколку добри шанси, а најмногу вреди да се истакне онаа на Левандовски од 13. Минута.

Голот за победа дојде во 28. минута. Се чинеше дека топката ќе му побегне на Португалецот, но Жоао Феликс стигна до неа и одлично погоди со лоб удар.

Жоао Феликс го прослави голот како да му е прв во животот. Помина низ многу работи во Атлетико Мадрид, па не е ни чудо што лудо славеше.

По оваа победа Барселона е трета со 34 бода, три повеќе и натпревар повеќе од денешниот ривал. Реал Мадрид и Жирона се на врвот со по 38 бодови.

ПретходноИнтер го „размонтира“ Наполи и потврди кој е прв кандидат за Скудетото (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Следно прашање, не сум јас Микел Артета (ВИДЕО)