Интер го „размонтира“ Наполи и потврди кој е прв кандидат за Скудетото (ВИДЕО)

420

Интер славеше убедлива победа на гостувањето кај Наполи и потврди дека е главен кандидат за освојување на Скудетото оваа сезона. „Нероаѕурите“ вечерва го „демолираа“ Наполи сред Неапол и покажаа дека се во фантастична форма.

Интер се врати на првото место на табелата во Серија А, а патот до победата го трасираа преку Чалханоглу, кој погоди во 44. Минута со еден фантастичен гол.

Барела погоди за 2:0 во вториот дел, а потоа Турам во 85. минута ги постави конечните 0:3.

Елмас беше стартер за Наполи и остана на теренот до 75. минута.

Претходно4 од 4: Крафт ги израмни рекордите на Фелдер и Ахонен, на две победи од вечниот рекорд!
СледноЖоао Феликс ги „реши“ своите: Барса минимално до победа над Атлетико (М) (ВИДЕО)